Влада: Бесплатен летен одмор за деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток

Влада: Бесплатен летен одмор за деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2023 година, поднесена од Министерството за труд и социјална политика.

Преку Проектот, се овозможува користење бесплатна услуга за рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, во објекти за одмор и рекреација за лето 2023 година. Одморот и рекреацијата се користат во текот на летниот распуст.

Задолжено е Министерството за труд и социјална политика за реализација на проектот, меѓу другото и преку објава на повик на Веб страницата на Министерството за труд и социјална политика и во центрите за социјална работа, во јуни 2023 година.

Прочитајте повеќе

Претседателски избори во Романија: Победа на Никушор Дан

Претседателски избори во Романија: Победа на Никушор Дан

Во вториот круг од претседателските избори, проевропскиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, победи со речиси …