Нема нови анти-ковид мерки, само апели за скромни слави

Нема нови анти-ковид мерки, само апели за скромни слави

Нема потреба од нови заштитни анти-ковид мерки одлучила Комисијата за заштита од заразни болести на денешниот состанок, пренесе денеска министерот за здравство Венко Филипче. На состанокот било речено дека остануваат постоечките мерки, кои како што вели министерот се сосема доволни, но треба да се почитуваат.

Тој најави дека се можни дополнителни мерки за невакцинираните. Филипче вели дека се покажало дека рестрикциите на движењето на населението не даваат резултати, но дека ако се види дека некоја мерка ќе помогне тогаш ќе се преземе сè што е потребно.

Министерот денеска апелираше граѓаните да не организираат слави во време на пандемија на ковид, или ако веќе организираат тоа да биде во мал број, оти како што вели, многу мини ковид бранови стартувале од такви собири. Тој вели дека граѓаните мора повеќе да се совесни и да внимаваат на своето здравје, оти надлежните не може сè да контролираат.

Филипче денеска учествуваше на настан за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …