Николовски и Муареми: Поднесена кривична пријава против одговорни лица во Општина Петровец за можна злоупотреба на службена положба и оштета од над половина милион евра

Николовски и Муареми: Поднесена кривична пријава против одговорни лица во Општина Петровец за можна злоупотреба на службена положба и оштета од над половина милион евра

Денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, одржаа заедничка прес-конференција на којашто информираа за основи за сомневање на сторени кривични дела од страна одговорни лица од Општина Петровец.

Вицепремиерот Николовски посочи дека во маj годинава до кабинетот од анонимен подносител пристигната е претставка за сомневање за злоупотреба на службена положба, перење пари и злоупотреба на постапка за јавна набавка, од страна на одговорни лица од Општина Петровец.

„Претставката беше разгледана и обработена од страна на кабинетот и во јуни годинава, целокупната документација беше испратена до Управата за финансиска полиција и Државната комисија за спречување корупција, за понатамошно постапување. Борбата против корупцијата и криминалот е процес кој бара максимална вклученост и координараност со сите надлежни институции, бидејќи само така можеме да застанеме на патот на оваа појава која го нагризува општеството“, изјави вицепремиерот Николовски.

Директорот на Управата за финасиска полиција, Арафат Муареми, информираше дека по разгледувањето на претставката, Управата вчера поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против пет физички и три правни лица за сторени кривични дела со кои е причинета штета на Буџетот на Општина Петровец, во износ од над половина милион евра.

Како што информираше директорот Муареми, првопријавениот е одговорно лице во Општина Петровец, градоначалник во периодот од 2009 година до денес, второпријавениот е во својство на вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ“ ДООЕЛ Скопје и правниот субјект „ЛЕОМА ТРАНС“ ДОО Скопје, третопријавениот е во својство на инжинер за надзор, четвртопријавениот е во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект „СМ БАУ“ ДОО и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „ЧОЛА ТОП“ ДООЕЛ Батинци, и петтопријавениот е во својство на управител на пријавениот правен субјект „АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ“ ДООЕЛ Скопје.

На прес-конференцијата вицепремиерот Николовски посочи дека до кабинетот пристигнуваат претстaвки коишто детално се анализираат и навремено се проследуваат до надлежните институции за понатамошно постапување.

Прочитајте повеќе

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Според анализите се очекува отворањето на супермаркетите „Конад“ да придонесе во отворање на нови работни …