Њујорк Тајмс одговори на обвинувањата на Вучиќ дека написот за врските на државата со Беливук бил нарачан

Њујорк Тајмс одговори на обвинувањата на Вучиќ дека написот за врските на државата со Беливук бил нарачан

„Написот на списанието „Њујорк Тајмс“ за српското судење и врските меѓу највисокото раководство на земјата и насилните нарко-банди се заснова на десетици интервјуа, документи, судски записници и ригорозни теренски известувања од Роберт Ворт. Секоја друга инсинуација е лажна“, се вели во одговорот

Голема бура во српската јавност предизвика написот во угледниот Њујорк Тајмс, во кој се опишува поврзаноста на владата на СНС, Александар Вучиќ и криминалните кланови. Претседателот на Србија неодамна за време на гостувањето на ТВ Хепи изјави дека споменатиот текст е „нарачан и напишан во Белград“ и дека тие што го читале не биле фасцинирани.

Овој текст очекувано наиде на остра реакција кај Вучиќ, а редакцијата на Њујорк Тајмс во својот одговор до порталот Нова.рс , истакнува дека објавениот текст се базира на основа на десетици интервјуа, документи, судски записници и ригорозната теренска работа на нивниот новинар Роберт Ворт.

„ЊУЈОРК ТАЈМС“ ЗА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ И БЕЛИВУК: СИВА ЗОНА МЕЃУ ДРЖАВАТА И МАФИЈАТА

„Знам дека текстот во „Њујорк Тајмс“ е нарачан, тоа го направија од овде. Ја разбрав пораката, не се исплашив, ниту ме фасцинираат лагите што ги ширите. Велат, Вучиќ некогаш одел и се тепал на стадионите. Ниту сум горд на тоа, ниту некогаш сум го криел“, изјави српскиот претседател.

Во врска со оваа изјава порталот Нова.рс се обратила до редакцијата на Њујорк Тајмс. Нивниот одговор го пренесоа во целост:

„Написот на списанието „Њујорк Тајмс“ за српското судење и врските меѓу највисокото раководство на земјата и насилните нарко-банди се заснова на десетици интервјуа, документи, судски записници и ригорозни теренски известувања од Роберт Ворт. Секоја друга инсинуација е лажна“, се вели во одговорот.

Прочитајте повеќе

Хрватска: ХДЗ е победник - следува постизборна математика

Хрватска: ХДЗ е победник – следува постизборна математика

Формирањето влада нема да биде едноставно: според привремените изборни резултати, ХДЗ е на прво место …