Ноќеска во Берово измерени -19 степени, од четврток пораст на температурите

Ноќеска во Берово измерени -19 степени, од четврток пораст на температурите

Како што соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утринава на целата територија на нашата земја беа измерени минусни температури.

Рекордни -19 степени беа измерени во Берово, -18 степени во Битола а -13 во Тетово. Во Прилеп, Демир Капија и Дебар -12, а во Скопје-Петровец и Маврови Анови.

До среда времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …