Пале Илоска

Обезбедена е донацијата за сметката за струја на велешанката Пале Илоска

За помалку од 48 часа, собрани се 42.750 денари кои уште денеска ќе бидат уплатени на сметката на ЕВН за неподмирениот долг на велешанката Пале Илоска, објавија на Фејсбук од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Тие изразија благодарност до сите кои придонесоа и овозможија велешанката повторно да има струја во својот дом.

Пале Илоска остана во темен и студен дом, чекајки го судењето за убиството на својот невенчан сопруг во куќен притвор, поради неплатена сметка и долг од 40.000 денари.

Илоска не можеше да го подмири долгот за електрична енергија поради тоа што не заработува токму затоа што се наоѓа во домашен притвор, па како што пренесоа од Националната мрежа, беше приморана да се грее на плинска греалка и да користи газиена ламба.

Oткако против неа Обвинителството во Велес поднесе обвинителен предлог дека извршила „убиство на миг“, случајот на 23-годишната велешанка која лани со нож го усмрти својот невенчан сопруг А.Р., предизвика остри реакции од организациите за заштита на човековите права и правата на жените, кои побараа обвинението да биде нужна одбрана, затоа што сметаат станува збор за акт на самоодбрана.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …