Од четврток до недела ќе се одржи десеттото издание на Prilep Jazz Wekend фестивалот

Од четврток до недела ќе се одржи десеттото издание на Prilep Jazz Wekend фестивалот

Во организација на здружението за субкултура  ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, на 26, 27, 28 и 29 август 2021г, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде одржано десеттото јубилејно издание на Prilep Jazz Weekend фестивалот.

Фестивалот ќе го отворат „Кантон 6“,  пионерски кросовер музички проект, кој датира од 2000 година и е, пред се’, интелектуален производ на Синиша Евтимов – еден од водечките современи македонски театарски режисери и Мирко Попов – сеприсутен на нашата сцена како композитор/продуцент, диџеј, издавач и музичар воопшто.

Првата вечер на фестивалот ќе ја затворат „Летечки пекинезери“, бенд кој повеќе пати настапувал во Прилеп и кој има голем број на свои локални обожаватели.

Втората вечер ќе ја отворат Taxi Consilium, гитаристот Тони Китановски и бендот „Панда 5“ а заедно со нив ќе настапи гостинот од САД, трубачот Chad McCullough,  истакнат интернационален изведувач кој живее во Чикаго, Илиноис.

Третиот фестивалски ден нуди интересна програма. На почетокот ќе настапат „Tribute to Jazz messengers“…, комбо состав од врвни македонски џез инструменталисти кој дава омаж на легендарниот бенд „Jazz messengers“.

Џез викендот ќе го затвори составот SAYUGÀ QUARTET feat. JURE PUKL. Ѕвезда на вечерта е саксофонистот Јуре Пукл, артист кој живее и работи во Њујорк.

Во рамките на OFF програмата, на 29 август на локалитетот „Врбјанска Чука“ кај село Славеј, љубителите на џезот ќе имаат можност да го проследат перформансот LJUBOJNA AMBIENCE.

Љубојна ambience е проект посветен на музиката како амбиентален простор што не’ опкружува и нејзиниот одзвук како постојана звучна состојба.

Прочитајте повеќе

Пластика Ѓубре

Планетата Земја го слави светскиот ден задушена во пластика

Пластиката е една од најголемите закани за луѓето и биодиверзитетот, присутна е во секоја животна …