Од први јули годинава целиот регион на Западен Балкан ќе стане слободна роаминг зона

Од први јули годинава целиот регион на Западен Балкан ќе стане слободна роаминг зона

Роаминг трошоците помеѓу Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово се укинуваат, а за да се одбележи овој историски датум, ќе биде организиран концерт на плажата во Отешево, на Преспанското Езеро.

На концертот наречен „All-Western Balkans Jam“ ќе настапат бендови и диџеи од целиот регион.

„Ова е историски успех на Западен Балкан кој доаѓа како резултат на преговорите кои траеа речиси цела година, олеснети од Советот за регионална соработка и Европската Унија, по што претставници од сите шест влади потпишаа договор во април 2019 година, со што се согласија прво постепено да ги намалуваат роаминг цените и евентуално да ги изедначат со нула од први јули 2021 година. Сега, тоа е завршено“, велат од Советот за регионална соработка.

Концертот под слоганот „Само наполни ја батеријата – роамингот е бесплатен“ започнува во 19 часот, а ќе може да се следи и на Јутјуб.  На него ќе настапат С.А.Р.С од Србија, Узун Баба ОГ! од Северна Македонија, Хелем Нејсе од Босна и Херцеговина, ДЈ Сарди од Албанија, Who See од Црна Гора и Уран Б од Косово.

„All-Western Balkans Jam“ е во организација на Советот за регионална соработка со поддршка од Владата на Северна Македонија.

Од четврток, цените за мобилните разговори, текстуалните пораки и интернетот во Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово паѓаат на нула денари, односно граѓаните кога ќе патуваат во овие држави ќе зборуваат и сурфаат по исти цени како и дома.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Од кол на кол, колот...

Од кол на кол, колот…

Пишува: Сотир Габелоски „Слабоста на волјата доведува до состојба на морална корумпираност, толку позната и …