Под влијание на нов влажен бран, од денеска во ноќните часови, утре во текот на целиот ден и во среда наутро се очекуваат нови врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а на пониските места од дожд. Во западните делови ќе има пообилни врнежи, a снежната покривка на планините на северозапад ќе се зголеми за 10 до 15 cm.
Во текот на неделата минималната температура ќе се движи во интервалот од -7 до 0, а дневната температура во следните денови ќе биде во пораст и ќе достигне до 16 степени Целзиусови.