Од утре во Охрид рампи за влез во стариот дел на градот, дозволено движење само со картички

Од утре во Охрид рампи за влез во стариот дел на градот, дозволено движење само со картички

Од утре, 1 јули, за жителите и за туристите кои престојуваат во Охрид, ќе бидат ставени во функција рампите за влез и излез на возилата во стариот дел на градот. Моторните возила ќе можат непречено да сообраќаат, само ако поседуваат картичка за движење во овој дел од градот, информираат од Општина Охрид. Функционирањето на рампите ќе биде регулирано со 24 часовно физичко обезбедување и под постојан видео надзор.

За такси компаниите кои вршат превоз, нема да бидат издавани посебни картички и такси возилата ќе бидат пропуштани во стариот дел на градот, исклучиво само од влезот кај Горна Порта.

„Постоечките картички за кои не е извршена навремена пререгистрација во согласност со повикот на општината, кој беше објавен на 20 мај 2021 година, ќе бидат поништени и неважечки. Сите правни лица кои сообраќаат во стариот дел на градот, дека дотурот на стока ќе може да се врши само преку влезот кај Горна Порта, во утринските часови, во периодот од 05:00 до 10:00 часот“, соопштија од Општина Охрид.

Што се однесува до сопствениците на сместувачките капацитети, според соопштението на Општината, нивните гости ќе може да влезат со своите возила во стариот дел на градот, само за да извршат истовар на патници и на багаж.

„Доколку возилата бидат непрописно паркирани, ќе бидат отстранети со асистенција на пајак службата“, информираат од оваа општина.

Потсетуваат дека оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …