Одредени групите за турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2019“

Одредени групите за турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2019“

Синоќа, во големата сала на Општина Прилеп, се одржа жребањето и се одреди редоследот на екипите учесници на турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2019“, што годинава се одржува по 9 пат.

На жребањето прсуствуваше и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

На годинешниот турнир се пријавени рекорден број на екипи, вкупно 79 од кои 40 во сениорска категорија, 11 во ветерани и 28 во категоријата пионери.

Средствата од турнирот ќе бидат наменети за лекување на малиот Дејан Најдоски од Прилеп. Организатори на турнирот се Локалниот спортски сојуз-Прилеп со поддршка на Општина Прилеп и компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп.

Прочитајте повеќе

Талевски: Заканите за блокада на европскиот пат се реална опасност по иднината на државата (Видео)

Талевски: Заканите за блокада на европскиот пат се реална опасност по иднината на државата (Видео)

Прес-конференција на Миле Талевски, кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата во ИЕ 4 Почитувани, …