Одземен телефонот на Катица Јанева, 30 дневен притвор за Зоран Кичеец, претрес во канцеларијата и домот на Боки 13

Одземен телефонот на Катица Јанева, 30 дневен притвор за Зоран Кичеец, претрес во канцеларијата и домот на Боки 13

По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корпција, одземен и’ е мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева. Вечерва судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на второосомничениотЗоран Милевски-Кичеец, додека во Кривичниот суд се’ уште трае распитот на првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13.

Вечерва бил извршен претрес во канцеларијата на Боки 13 во 1ТВ, а полицијата извршила претрес и во куќата на неговите родители.

Неофицијално, се тргувало со влијание за случајот на СЈО познат како „Империја“, во кој првообвинет е Орце Камчев. Според извори на ТВ Канал 5, вечервана информативен разговор во полиција бил повикан уште еден судија од СЈО.

Како што денеска на прес конференција соопшти обвинителката Вилма Русковска, од ноември лани, до април годинава, првоосомничениот влијаел преку јавен обвинител да се олесни кривичниот прогон кон одредено лице за кое се водело постапка. Од лицето на кое му помогнале во неколку наврати примиле еден и пол милиони евра како поткуп. За да продолжат да му помагаат било договорено да примат уште 5 милиони евра како награда. Но, откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …