Опожарена куќа на улица „Октомвриска“ во Прилеп, при интервенцијата повреден пожарникар

Опожарена куќа на улица „Октомвриска“ во Прилеп, при интервенцијата повреден пожарникар

Во пожар кој избувна денеска нешто после 10 часот, целосно изгоре покривната конструкција и дел од горниот кат на семејна куќа на улица „Октомвриска“ бр.64.

Истовремено, екипата на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Прилеп интервенирала и во село Мало Коњари, каде настанал пожар на куќа на влезот. Како што изјави Јосе Јорданоски, командир на смена на трето одделение, екипата на ТППЕ истовремено интервенирала и на опожарена куќа во с.Мало Коњари, а при гаснењето на пожарот на улица „Октомвриска“, повреден бил еден пожарникар.

„Имавме интервенција на запалена куќа на улица ‘Октомвриска’ бр.64, каде првично интервениравме со две возила. Во истото време имавме интервенција и на самиот влез во село Мало Коњари, каде исто така беше интервенирано со две возила и 5 пожарникари. На двете куќи пожарот беше настанат на покривните конструкции и истиот беше во развиена фаза. Дел од покуќнината од опожарената куќа од наша страна и од граѓани кои дојдоа да помогнат, беше спасен. За жал, при интервенцијата еден наш колега, пожарникар, беше повреден и со возило на Итната медицинска помош беше префрлен во прилепската болница“, нагласи Јорданоски.

Тој напомена дека зачестениот број на пожари во последниот период се последица на неисправни електрични инсталации, на невнимание на граѓаните, но и на постапките на несовесни граѓани.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, беше присутен на улицата „Октомвриска“, каде пожарникарите сеуште го гаснеа пожарот. Јованоски потенцираше дека како и во сите останати случаи, и овдека Општина Прилеп со одредени финансиски средства на петчленото семејство ќе му помогне да ги санира последиците на пожарот.

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …