Општина Крушево ја започна имплементацијата на три големи проекти во населените места

Општина Крушево ја започна имплементацијата на три големи проекти во населените места

Започнува имплементацијата на три големи проекти за населените места во општина Крушево: првата фаза од изградба на фекалната канализација во с.Норово, асфалтирање на пат а од понеделник и цевковод во с.Саждево.

Трите проекти, заедно со веќе изградениот резервоар за вода во с. Борино, се финансирани од Министерството за транспорт и врски, а имплементирани од општина Крушево.

Меѓу граѓаните на населените места Норово и Саждево беше и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски кој го најави почетокот на ветените проекти.

„Оправдано бев критикуван од граѓаните во с.Норово, затоа што никој во минатото не им помагал ниту работел тоа што жителите барале од нив. Продолжија да ме критикуваат, обвинуваат дури и јавно по медиуми и социјални мрежи бев прозван, но сигурен сум дека тоа не беше злонамерно. Во меѓувреме се средуваа сите бирократски процедури кои беа многу тешки, а работата подеднакво исцрпувачка и напорна. На моменти дел од екипата која работеше на проектот бараше одлагање, но инсистирав дека проектот мора да биде реализиран бидејќи станува збор за основни потреби на граѓаните. После толку труд, успеавме да дојдеме до започнување на проектот канализација во с.Норово, асфалтирање на пат во с. Саждево, а од понделник и изградба на цевковод во с. Саждево“ , изјави градоначалникот Христоски.

Вредноста на проектот за канализацијата во Норово изнесува 10.972.424 денари, за реконструкција на патот до Саждево 10.474.546 денари, а за изградба на цевководот 2.653.498 денари.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …