Општина Прилеп го објави јавниот повик за финансирање спортски клубови и здруженија на граѓани

Општина Прилеп го објави јавниот повик за финансирање спортски клубови и здруженија на граѓани

Врз основа на член 4 од Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финасиски средства од буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија и фондации, Општина Прилеп го објави јавниот повик за прибирање на барања за распределба на финансиски средства за 2024 година. Средствата се наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, културниот и општествениот живот.

Спортските клубови и професионалните спортски клубови треба да достават:

  • Формулар за аплицирање
  • Нова тековна состојба од клубот;
  • Доказ дека се обезбедени соодветни објекти, опрема и стучен кадар;Потврда од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува (супер лига, прва лига, втора лига, трета лига, општинска лига, младинска лига, кадетска лига, пионери) и времетраењето на учеството на клубот во соодветната федерација;
  • Потврда од клубот дали наплаќа/ не наплаќа чланарина;
  • Годишна програма за работа и финкционирањето на спортскиот клуб, односно здружението;
  • Постигнати резултати, успеси;
  • Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата/ проект (број на ангажирани лица, опис на трошоците по позиции);
  • Извешај за потрошените средства добиени од Општина Прилеп за претходната година;
  • Информација каде и во кои спортски сали и/или спортски терени го извршуваат тренажниот и натпреварувачкиот процес за изминатите три години;
  • Прилози, фотографии, награди.

Документација потребна за аплицирање на здруженија и фондации:

  • Формулар за аплицирање
  • Нова тековна состојба од здруженијата и фондациите
  • Годишна програма за работа и функционирање на здружението и фондацијата;
  • Предлог- проект со кој ќе се развива културниот и опшествениот живот Општина Прилеп;
  • Извешатј за потрошените средства добиени од Општина Прилеп за претходната година;
  • Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата/проект (број на ангажирани лица, опис на останати трошоците по позиции).

Формуларот за палицирање со целокупната документација се доставува до Општина Прилеп, на адреса „Прилепски бранители“ бр.1, 7.500 Прилеп, преку пошта или преку архивата на Општина Прилеп (се доставуваат во приемното одделение на општината).

На ковертот со пријавата и целокупната документација треба да има назнака:
„За јавен повик бр. 01/2024 за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, клтурниот и општествениот живот“.

Крајниот рок за доставување на пријавите е 12.02. 2024 година.

Пријавите со непотполна документација или оние кои ќе пристигнат по истекот на предвидениот рок, нема да се разгледуваат.

Линкови за симнување на формуларите:

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ за Јавен повик за Спортски клубови 2024

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ за Јавен повик за Здруженија и Фондации 2024

Правилник за утврдување на критериумите

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во синоќешното интервју во „Тема на денот“ …