Партијата ГЕРБ на Борисов води на изборите во Бугарија

Партијата ГЕРБ на Борисов води на изборите во Бугарија

На четвртите парламентарни избори во рок од 18 месеци, ГЕРБ на екс-премиерот Бојко Борисов е најсилна политичка партија. Формирањето влада ќе биде тешко.

Конзервативната партија на бугарскиот поранешен премиер Бојко Борисов е во водство по одржаните  парламентарни избори во Бугарија.  Според нецелосните резултати, партијата ГЕРБ на Борисов освоила околу 25 проценти од гласовите, додека на новооснованата партија Продолжуваме со промени на во јуни  соборениот либерален премиер Кирил Петков, доверба и` дале околу 20 насто од избирачите.

Петков синоќа го призна поразот, но исклучи можност за коалицирање со ГЕРБ.

Тешко до нова влада

По затворањето на гласачките места, Борисов најави отвореност за разговори со „сите партии“. Потенцијален кандидат за 63-годишниот екс-премиер би била партијата на турското малцинство, Движење за права и слободи, која доби околу 15 проценти гласови.

Националистичката партија „Преродба” ги удвои гласовите во однос на последните парламентарни избори и доби 10,0 отсто, Бугарската социјалистичка партија – 8,9 проценти „Демократска Бугарија” на Христо Иванов – 7, 0 отсто. Во бугарскиот парламент ќе влезат веројатно осум партии, но не се наѕира јасна коалиција.

Екс премиерот Кирил Петков го призна изборниот пораз
Екс премиерот Кирил Петков го призна изборниот пораз

Трите партии на последната владејачка коалиција од Продолжуваме со промени, Социјалистите и конзервативно-либерално зелениот сојуз ДБ би стигнале заедно до околу 37 проценти гласови.  До формирањето влада, земјата ќе ја предводи преоден кабинет.

Четврти избори во една и пол година

Бугарите вчера гласаа  четврти пат во рок од 18 месеци  за  избор на парламент.  Во јуни владата на Петков беше соборена по само седум месеци на функцијата по изгласаната недоверба.

Излезноста на изборите, според Институтот за истражување на јавното мислење Галуп Интернационал Балкан при затворањето на гласачките места била околу 35 проценти.

Во текот на изборната борба во најсиромашната членка на ЕУ доминираше војната во Украина и неизвесните испораки на гас. Бугарија ја врзуваат тесни историски и културни врски со Москва, а инвазијата на Русија врз Украина предизвика длабоки поделби во земјата со 6,5 милиони жители. Додека Борисов се обидува да не ги загрози односите ни со ЕУ, ниту со Русија и Турција, Петков во изборната кампања демонстрираше јасен проевропски став.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Студентите во Србија се кренаа: Блокирана зградата на Претседателството додека се обраќаше Вучиќ

Студентите во Србија се кренаа: Блокирана зградата на Претседателството додека се обраќаше Вучиќ

„Немаше да ја има оваа крв да беше сè по закон“, „Ќе го решиме и …