Пендаровски од Струга: Во недела да дадеме поддршка за концептот што обезбедува едно општество за сите

Пендаровски од Струга: Во недела да дадеме поддршка за концептот што обезбедува едно општество за сите

Да се сплотиме околу концептот што води напред и обезбедува иднина во едно општество за сите, во држава интегрирана во ЕУ и НАТО, порача денеска на граѓанска трибина во Струга, заедничкиот кандидат за престедател Стево Пендаровски.

– Вашата  општината  е  држава во мало, има долга традиција  на живење на различни вери, етнички заедници,  но соживотот бил секогаш по мерка и за мерка. И во најтешките времиња вие сте знаеле да живеете заедно и да не ги делите луѓето. Два дена пред пред гласањето, ви велам дека јас токму така ја замислувам нашата земја. Како едно општество за сите, држава интегрирана во ЕУ и НАТО, порача Пендаровски.

Пред присутните, Пендаровски порача дека на 21 април и 5 мај,  граѓаните гласаат за потврда на реформите, развојот, на напредокот во евроинтеграциите што обезбедува повеќе странски инвестиции, нови работни места, повисок животен стандард за сите граѓани.

Македонија  сега е безбедна и стабилна  држава, а вратите кон ЕУ и НАТО се отворени. Другата опција, порача Пендаровски, не  нуди ништо, и единствено што сака е само да дојде на власт, за повторно да ја врати државата во темното минато на изолација и поделби.

Заедничкиот кандидат Пендаровски повика на масовна излезност на 21 април и слина поддршка за концептот што води напред.

– Масовно да гласаме за број три, да продолжиме сите заедно напред за мултиетничка,  демократска  и богата држава“, повика Пендаровски.

Прочитајте повеќе

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Куќен притвор и одземање пасош се двете мерки што обвинителите ги бараат за осомничениот судија …