Даштевски кривично дело

Петров: Неприфатливо е МТВ да биде партиска експозитура на ДПМНЕ

„ДПМНЕ лиферуваат лажни анкети, коишто со документи им се пробиени, дека тоа го прават за да го креираат јавното мислење“, истакна за „Слободен печат“ членот на ИО на СДСМ, Андреј Петров.

Петров нагласи дека тоа е таа матрица, која мора да се промени кај ДПМНЕ.

„МРТ во своето однесување е скандалозна и ако се потврдат наводите, треба во моментов да повлече оставка на генералниот директор на МТВ, заради тоа што ставањето на националниот сервис, кој бил еден од столбовите на македонската држава, во скутот на политичка партија е неприфатливо“, истакна Петров.

Тој потенцираше дека неприфатливо е националниот сервис да стане партиска експозитура и да биде во служба на политичка партија.

„Тие се плаќаат со пари од македонските даночни обврзници и луѓето во националниот сервис не смеат да ги злоупотребуваат, водејќи конструирана политика на лажни кампањи, лажни анкети, со која сакаат, не да го оценат јавното мислење, туку да го креираат јавното мислење, бидејќи таа циркузијада, на секои два дена да се излегува со анкета на националниот сервис е бедна“, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.

Во врска со претстојните претседателски избори, Петров истакна дека Пендаровски недвосмислено е на страната на евроатлантските интереси на државата и очекува убедлива победа на Пендаровски во вториот круг, по тесната разлика во првиот круг меѓу Пендаровски и Силјановска.

„На Македонија и’ треба претседател кој е чесен, кој ќе ги критикува и своите и кој нема да се кочи да ги критикува и оние од неговите редови кои не се однесуваат достоинствено, кои направиле криминал, кои што се однесуваат на начин кој не е добар и за граѓаните и за државата, да ги санкционира и да ги критикува. Стево Пендаровски е таков човек“, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.

Прочитајте повеќе

Разузнавачите „ловат“ сигнали на кинеска пропаганда во изборите

Разузнавачите „ловат“ сигнали на кинеска пропаганда во изборите

Во ек на предизборието, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд  Муслиу вели дека се остварува …