Почина легендарниот хрватски фудбалски тренер Ќиро Блажевиќ

Почина легендарниот хрватски фудбалски тренер Ќиро Блажевиќ

На 88-годишна возраст, денеска почина легендарниот хрватски фудбалски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ.

Ќиро Блажевиќ е роден во босанскиот град Травник во 1935 година. Играл за хрватските клубови Локомотива, Динамо и Риека, за Сараево и швајцарски Сион и имал скромна играчка кариера. Тренерската професија ја започнал во Швајцарија во 1968 година, при што тренирал триесетина клубови и репрезентации на повеќе континенти.

Најголемите успеси ги постигнал со загрепски Динамо кога во 1982 година станал првак на Југославија, како и со репрезентацијата на Хрватска со која во 1998 година го освои третото место на Светското првенство во Франција.

Блажевиќ е единствениот тренер кој со Динамо освои шампионски титули, како и фудбалскиот куп и во СФРЈ и во Хрватска

Беше тренер на Динамо во четири мандати и освоил три шампионски титули, два купа и еден Суперкуп.

Репрезентацијата на Хрватска ја водеше 72 пати, забележувајќи 33 победи, 24 нерешени натпревари и 15 порази.

Ќиро Блажевиќ беше единствениот кој Државната награда за спорт „Фрањо Бучар“ ја доби три пати, а последниот јавен настап го имаше во декември минатата година, кога во Загреб, за придонес во во развојот на спортската култура ја доби наградата „Владимир Беара“.

Прочитајте повеќе

Лавина реакции за ПР злоупотреби на трагедијата во Кочани

Лавина реакции за ПР злоупотреби на трагедијата во Кочани

Посетите на политичарите на болничките соби, каде што се лекуваат тешко повредените од пожарот во …