Почна процесот против Жан Митрев, тој рече дека не чувствува вина

Почна процесот против Жан Митрев, тој рече дека не чувствува вина

Воведни зборови денеска даде обвинителството, додека одбраната воведен збор ќе има на следното рочиште, закажано за 15 јуни

Доктор Жан Митрев, сопственикот на приватната болница што го носи неговото име на денешното прво одржано рочиште рече дека не чувствува вина, исто како и одговорното лице во клиничката болница. Тие тврдат дека не постапиле спротивно на законот, а обвинителката Искра Хаџи-Василева пред судот рече дека ќе докаже дека Митрев и неговата болница го сториле кривичното дело измама што им се става на товар.

„Апсолутно не се чувствувам виновен“, рече Митрев во судот, каде што дојде со неколкумина адвокати кои го застапуваат.

„Постои обвинение за сериозно кривично дело, а со неговото дејствие има последици и правното лице. Тие се фактите и не можете да ги извртите наспроти логиката. Обвинетиот сторил измама со умисла и ова Обвинителство ќе го докаже“, рече обвинителката.

Воведни зборови денеска даде обвинителството, додека одбраната воведен збор ќе има на следното рочиште, закажано за 15 јуни.

Истрагата за Жан Митрев и неговата болница беше отворена по допрен глас, откакоа Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го објави истражувањето „Нечиста крв“ за пациентите од болницата, а скопското Јавно обвинителство во јануари годинава поднесе обвинение.

Како што информираа од ОЈО Скопје во однос на предметот, станува збор прикривање клучни факти во однос на хемофилтрацијата употребувана за време на ковид-пандемијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Процесот го води судијката Лидија Петровска.

Извор:МЕТАИзвор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ била, е и ќе биде силна партија која не се откажува кога е најтешко, борбата продолжува

Ковачевски: СДСМ била, е и ќе биде силна партија која не се откажува кога е најтешко, борбата продолжува

На вечерашниот митинг во Крушево, претседателот на Социјалдеморатскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, им порача …