Поевтинува струјата за домаќинствата во прв и втор блок и за малите потрошувачи

Поевтинува струјата за домаќинствата во прв и втор блок и за малите потрошувачи

„Цената на струјата за малите потрошувачи и за 99,2% од домаќинствата ќе се намали“, изјави директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски кој сепак потврди дека ДДВ-то ќе се зголеми од 5% на 10%. Вкупната цена за електрична енергија за малите потрошувачи односно мали и микро компании заедно со мрежарина се намалува за 20,15% за 70 илјади компании. Кај домаќинствата цената на електрична енергија Блок 1 се намалува за 4,11%, за Вториот Блок се намалува за 2,95%, за Третиот блок се зголемува за 0,85%, додека за Четвртиот Блок се зголемува за 7,65%.

Цената за пренос на електрична енергија се намалува 8,66 отсто, дистрибуцијата се намалува за 19,54 отсто, а мрежарината се намалува за речиси 20 отсто. „Во носењето на оваа одлука ги земавме во предвид заштитата на животната средина, на животниот стандард и сигналот кој го испратија потрошувачите“, рече Бислимовски кој додаде дека во последно време домаќинствата штедат.

Прочитајте повеќе

упис во средно, сите оценки треба да се внесат рачно на schools.mk

Истекува последниот ден за е-упис во средно, досега се пријавиле 13.200 ученици

Не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13.200 апликации, …