Пописот заврши, попишани 1.832.696 лица во земјава и 204.805 во дијаспората

Пописот заврши, попишани 1.832.696 лица во земјава и 204.805 во дијаспората

Пописот на населението, домаќинствата и становите вчера вечер успешно заврши. Синоќа во 20 часот беа затворени апликациите за попис, по што директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски одржа прес-конференција, на која го соопшти сработеното.

Во текот на 25 дена, во земјава биле попишани 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Воедно, преку апликацијата за самопопишување на дијаспората, во изминативе месеци биле самопопишани 204.805 лица во странство.

Во наредниот период ќе следи обработка на пописниот материјал и оние граѓани кои по било која основа не биле вклучени, а се дел од базите на податоци и со сигурност може да се утврди дека живеат во земјава, ќе бидат дел од пописот. Воедно, директорот Симовски напомена дека предмет на попис биле 91 проценти од објектите за живеење, напоменувајќи дека преостанатите непопишани згради се хотели, деловни објекти и слични зданија.

Директорот Апостол Симовски најави дека резултатите од пописот ќе бидат објавени најдоцна за шест месеци, односно до март 2022 година.

Тој додаде дека бројот на лица кои одбиле да се попишат бил минимален, но прецизни резултати ќе се знаат откако ќе се обработат пријавите на попишувачите.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …