Поранешниот хрватски премиер Санадер осуден на 4 и пол години затвор

Поранешниот хрватски премиер Санадер осуден на 4 и пол години затвор

Хрватскиот Врховен суд денеска правосилно го осуди поранешниот премиер на земјата и претседател на Хрватска демократска заедница, Иво Санадер на 4 и пол години затвор под обвинение за примање и давање мито во случајот „Планинска“.

Санадер е осуден дека примил над 2 милиони евра од Стјепан Фиолиќ, чија фирма ја продаде зградата на Министерството за регионален развој во загребската „Планинска улица“.

На една година условно е осуден Младен Млинаревиќ, чија фирма ја зголемила вредноста на зградата, како и Фиолиќ, кој ја призна вината. Адвокатот на Санадер, најави жалба на пресудата.

Прочитајте повеќе

извор на нафта нефтена

САД дозволија купување руска нафта која е заглавена на море, цените продолжија да растат

Цените на нафтата и денеска продолжија со зголемување, и покрај тоа што САД издадоа 30-дневна …