Потона сплав во Белград, евакуирани 30 млади луѓе

Потона сплав во Белград, евакуирани 30 млади луѓе

Синоќа потона сплавот „Картел“, кој се наоѓа во близина на Белградскиот саем. При инцидентот се евакуирани најмалку 30 лица, велат од итната служба за српската новинска агенција Бета.

„Нашите екипи згрижија околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. не биле повредени, но морале да пливаат во ладна вода и доживеале голем стрес“, велат од белградската Итна помош.

Службата изјавила дека ноќта била „тешка“ и дека имале 127 интервенции, од кои 28 на јавни места, а алкохолизмот бил најчеста причина за излегување на екипите на итната помош на терен.

Во инцидентот нема повредени. Од Итната помош рекле дека се започнало со дојава за тепачка на сплавот. Како што пренесува српскиот јавен сервис, сите расположиви единици на Одделението за вонредни состојби учестувале во спасувањето на младите лица кои се нашле на сплавот „Картел“, кој почнал да тоне ноќеска, околу половина час по полноќ.

Многумина од присутните во паника скокале во водата обидувајќи се да допливаат до брегот на реката, што може да се види и од фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи.

Ова не е прв случај сплав да потоне во Белград. На почетокот на годинава потона и белградскиот сплав Фристајлер на кој имало организиран дочек на Новата Година. Тој потона до половина, а неколкумина беа полесно повредени.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, веднаш по настанот изјави дека, според неговите информации, причината за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ е тоа што на него се качиле два до три пати повеќе луѓе од потребното.

Прочитајте повеќе

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Реална потреба или празниците и распустот ги натераа административците да се повлекуваат од членството во …