Повеќе од 160 инспектори на терен проверуваат дали се намалени цените

Од 16 март во маркетите по пониски цени се продаваат тестенините и млечните производи, откако стапи на сила владината одлука за замрзнување на цените на овие производи. Млечните производи се намалени за околу 10 отсто, а тестенините за 15 проценти.

Претходно владата ја замрзна и цената на белиот и полубелиот леб до 33 денари. Идната недела, пак, се очекува одлука дали ќе се замрзне цената и на други основни прехранбени производи.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши посетија маркет во Скопје, за да проверат дали се почитуваат одлуките и дали тестенините и млечните производи се продаваат по намалени цени.

Со нив беше и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Премиерот Ковачевски вели дека се увериле оти намалувањето на цените се почитува од производителите и од трговците.

„Намалувањето на цените на овие производи битно ќе влијае врз џебот на граѓаните“, рече премиерот.

Одлуката за замрзнати цени ќе важи до 31 мај, а ако и потоа има нелогичности во цените, ќе следи повторно замрзнување.

Повеќе од 160 инспектори од Државниот пазарен инспекторат се на терен и вршат контроли за да се утврди дали трговците постапуваат согласно одлуките на Владата за намалување на цените.

„Од утрово досега нема нерегуларности“, рече Трајковски.

производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март годинава, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10 проценти. Казните за оние кои нема да ги продаваат овие производи по намалени цени може да добијат казни од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Инфографика - Намалување на цените на млеко, млечни производи и тестенини на 15 март 2023, според владина одлука
Инфографика – Намалување на цените на млеко, млечни производи и тестенини на 15 март 2023, според владина одлука

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Филипче пред сопартијците: Тука сме да пристапиме на секој, да прашаме што му треба (ВИДЕО)

Неврохирургот Венко Филипче при својата вчерашна посета на Струмица разговараше со членството на СДСМ. При …