Пратениците го изгласаа буџетот за 2024 година

Пратениците го изгласаа буџетот за 2024 година

Со 63 гласа „за“ пратениците во Собранието попладнето на 27 декември го изгласаа буџетот за 2024 година.

Немаше ниту еден глас „против“, а 25 пратеници гласаа „воздржано“.

Буџетот за 2024 изнесува 5,5 милијарди евра. Во него, вкупните приходи се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и се за 10 отсто повисоки во однос на 2023. Расходите, пак, се проектирани на 343,6 милијарди денари или за околу 5,8 проценти повисоки во однос на актуелната година.

Проектираниот дефицит (разликата помеѓу приходите и расходите) од 33,5 милијарди денари како и отплатата на долгот во износ од 45 милијарди денари, ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.

Парите во државниот буџет за следната година планино е да се трошат за: плати – 41,2 милијарди денари; стоки и услуги 25,3 милијарди денари; тековни трансфери и субвенции 215,3 милијарди денари; социјални трансфери 161,1 милијарди денари – од кои за пензии 83,6 милијарди денари, а за надоместоци за социјална заштита на најранливите слоеви на населението околу 13,2 милијарди денари.

Најголем придонес кон растот во 2024 година се очекува да имаат бруто-инвестициите со раст од 8,4 проценти, пред сè, како резултат на интензивирањето на реализацијата на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата како што се коридорите 8 и 10-Д, придружени со мерките и активностите за поголема реализација на капиталните инвестиции предвидени со Планот за забрзан економски раст.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …