Правосудство: Хаос, или креирана перцепција за хаос?

Правосудство: Хаос, или креирана перцепција за хаос?

Дали е возможно да се спроведе стручна дебата, без таа да биде засената од актуелни „пикантерии“ кои создаваат слика дека во правосудството владее хаос?

Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата – е темата на која денес во Собранието ќе се одржи јавна расправа. На дебатата се поканети Републичкиот јавен обвинител, претседателот на Советот на обвинители, актуелни обвинители, професори и правни експерти. Дебатата се организира во време кога власта се надева дека ќе обезбеди 80 гласа за усвојување на предлогот на закон за Јавното обвинителство. Но, по вчерашното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова во случајот „Рекет“ и серијата реакции што тоа ги предизвика, во јавноста се отвораат дилеми – дали е возможно да се спроведе стручна дебата, без таа да биде засената од актуелни „пикантерии“ кои создаваат слика дека во правосудството владее хаос?

„Не верувам дека каква било дебата или системско решение во моментов може да ги подобри состојбите. Граѓаните не знаат дали тоа што го слушаат е вистинска слика за правосудството, или се работи за креирање на таква слика за други цели. И не е во прашање само сомнеж во кредибилноста на дел од правораздавачите. Некои процеси се излеани надвор од надлежните институции. Документи од истражни постапки кои се тајни осамнуваат во домашни и странски медиуми, протекуваат од надлежните институции на чуден и несанкциониран начин. Процесите потоа да се префрлат ‘на судење’ на улица, по социјални медиуми… Случајно или со намера?”, прашува поранешен судија.

Адвокати, судии, обвинители, не сакаат јавно да зборуваат за состојбата. Велат, фрапирани се од крајот на вчерашното рочиште за „Рекет“. Алузијата се однесува на зборовите со кои поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ја „почести“ довчерашната колешка Лиле Стефанова („гомнарке”, „ороспијо една”,  „…оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“).

„Јавноста цел ден се занимава со дешифрирање на изјавата за мачката – дали била спомната во буквална или преносна смисла. А од друга страна, очекувањата се за стручна дебата и за професионални институции“, коментира адвокат.

Она што привлече најмногу внимание е сведочењето на Стефанова дека судијката Добрила Кацарска била една од оние кои ургирале на бизнисменот Камчев да му биде укинат притворот во случајот „Империја“. Кацарска изјави дека е згрозена од сведочењето и откако ќе го проучи – ќе одлучи дали ќе тужи за клевета, доколку се исполнети условите за тоа.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека „Кацарска-судството денеска е целосно разобличено”. Според партијата, сведочењето на Лиле Стефанова е аргумент кој Судскиот совет не смее да го игнорира и мора веднаш да отпочне постапка за разрешување на Кацарска.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …