Предновогодишната магија низ фотографии од Скопје, Берлин, Варшава, Белград и Брисел

Предновогодишната магија низ фотографии од Скопје, Берлин, Варшава, Белград и Брисел

На речиси една недела пред новата 2023 година, празничната магија и атмосфера ги обзема граѓаните. Мета.мк обезбеди цела галерија од фотографии кои ја прикажуваат предновогодишната атмосфера во Скопје, но и во Берлин, Варшава, Белград и Брисел.

Сликањето до Дедо Мраз за најмладите, фоткањето пред накитената елка на плоштадите, набавката на подароци од божиќните пазари на плоштадите се заедничка слика за европските главни градови.

Иако со задоцнување во споредба со европските градови, Скопје и годинава на Плоштадот „Македонија“ има новогодишна елка и украсување, заедно со куќарки за набавка на празнични подароци за најблиските:

И германскиот главен град Берлин на неколку денови пред новогодишната ноќ живее во ритамот на празничната магија:

Новогодишно украсување и празнична атмосфера има и во српскиот главен град Белград. Новогодишната елка е поставена на Плоштадот на републиката, кој блеска во сиот сјај. Целосно украсена е и улицата Кнез Михајлова во срцето на Белград:

Во ритамот на Нова година е обземен и Брисел, каде што божиќните пазари низ разни локации во средиштето на ЕУ се преполни со граѓани кои се подготвуваат за прослава на најлудата ноќ:

И полскиот главен град деновиве се подготвува за пречекот на Новата 2023 година. За разлика од другите европски градови, во Варшава има снег, и тоа многу, а зимската идила дава посебна магија на предновогодишната атмосфера:

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …