Како што соопшти Телеком, каблите ги оштетиле „трети страни“ кои изведувале градежни активности и тоа на повеќе локации
Корисниците на услугите на Телеком утрово се соочија со недостапност или слаб квалитет на услугите – од интернет сообраќајот до телефонските разговори во фиксната и мобилната мрежа, при што беше невозможно и да се контактира Контакт центарот за информации за проблемите.
Како што соопшти Телеком, причината за пречките биле оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни.
„Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите“, порачува Телеком.