Премиерот Ковачевски и министрите Спасовски и Бочварски во посета на Прилеп и регионот

Премиерот Ковачевски и министрите Спасовски и Бочварски во посета на Прилеп и регионот

Утре, понеделник 20 ноември, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски ќе го посетат прилепскиот регион.

Во 11:00 часот, премиерот Ковачевски заедно со министрите Спасовски и Бочварски ќе го посетат ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп.

На настанот свое обраќање ќе имаат премиерот Ковачевски и министерот Спасовски.

Оттаму, во 11:45 часо,т Ковачевски, Бочварски и Спасовски ќе извршат увид во реконструкцијата на улицата „Леце Котески”, каде обраќање ќе имаат премиерот Ковачевски и министерот за транспорт и врски, Бочварски.

Прочитајте повеќе

несреќа сообраќајка сообраќајна

Шест лица загинаа во сообраќајки за четири дена, МВР апелира да се вози совесно

Најчестите причинители за сообраќајни несреќи со фатални последици се користењето на мобилен телефон при возење, …