ковачевски со мицкоски

Премиерот Ковачевски на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во среда

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Средбата е закажана за 7 јуни 2023 година (среда) во Клубот на пратеници во 11 часот.

На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Вложуваме во македонското високо образование, младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска се обрати по повод почетокот на академската 2023/2024 година. …