Премиерот Ковачевски упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот

Премиерот Ковачевски упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот.

„На денешниот Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и кои било облици на нетолеранција. Овој ден е ехо на ужасната загуба на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, меѓу кои и 7.144 македонски Евреи, во логорот на смртта Треблинка и порака дека вакви злодела никогаш повеќе не смее да се повторат.

Наша цивилизациска одговорност денес е да градиме свет во којшто има место за сите. Република Северна Македонија успешно се развива во Едно општество за сите, со еднакви права, слободи и обврски за сите граѓани и со нашиот пример ќе продолжиме да ја испраќаме пораката дека различностите не се пречка, туку богатство“, се вели во пораката на премиерот Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Утре на пладне заеднички час на платото на УКИМ – студентите ќе изразат сочувство за жртвите

Утре на пладне заеднички час на платото на УКИМ – студентите ќе изразат сочувство за жртвите

Студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) најавија дека почнувајќи од утре (понеделник) па …