Премиерот Заев и владина делегација ќе учествуваат на Конференција за Западен Балкан во Берлин

Премиерот Заев и владина делегација ќе учествуваат на Конференција за Западен Балкан во Берлин

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев по покана добиена од канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел и претседателот на Република Франција, Емануел Макрон ќе учествува на Конференција на шефови на држави и влади од ЕУ и од земјите на Западен Балкан, којашто ќе се одржи во Берлин, денеска, 29 април 2019 година, во попладневните часови. Владината делегација предводена од премиерот Заев ја сочинуваат и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Целта на состанокот е да се обезбеди дискусија за политичката ситуација во регионот на Западен Балкан. Фокусот на разговорите ќе биде ставен на можностите за унапредување на регионалната соработка и решавање на отворените прашања, како на пример нормализација на дијалогот меѓу Србија и Косово.

Во светло на поставените теми за дискусија, успешните договори со Бугарија и Грција, и пристапот на надминување на проблемите и пријателството што го гради Северна Македонија, претставуваат модел што другите можат да го следат.

Заеднички интерес на сите држави и народи е да има мир и стабилност во регионот, подобрување на регионалната соработка, унапредување на економската соработка, посветеност на демократските реформи и забрзување на процесот на ЕУ интеграции.

На маргините на посетата, премиерот Заев и делегацијата ќе имаат можност за билатерални средби со другите шефови на држави и влади.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …