Премиерот Заев утре ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на ЦЕИ во Рим

Премиерот Заев утре ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на ЦЕИ во Рим

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) во Рим, Италија, како претседавач на иницијатива која оваа година одбележува 30 години од формирањето.

На самитот на кој премиерот Заев учествува на покана на италијанскиот премиер Џузепе Конте, се очекува лидерите на земјите членки на ЦЕИ да ја истакнат важноста на европската интеграција како клучна за зајакнување на стабилноста, просперитетот и единството на континентот, како и за економската соработка во рамките на иницијативата.

Во Централно европската иницијатива се опфатени 17 европски земји, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Италија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина.

Од 1 јануари 2020 година претседателството на ЦЕИ го презема Црна Гора.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …