Реконструкција на патниот правец Крушево - Пуста Река

Реконструкција на патниот правец Крушево – Пуста Река

Започнува реконструкција на регионалниот пат Крушево – Слива – с. Пуста Река, кој Општина Крушево го имплементира со Јавното претпријатие за државни патишта.

„Овој пат е едно од клучните барања на крушевчани и жителите на населените места Пуста Река и Дивјаци и тој конечно ќе биде реконструиран. Со реконструкцијата ќе биде опфатен и дел од патот кој води до манастирот „Св.Преображение“, кој не беше опфатен при изградбата на патот до овој манастир“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Делница е во должина од 15 километри, а ќе бидат опфатени делови од регионалниот пат од спомен куќата „Тодор Проески“ до спортската сала, покрај средното училиште, угостителските објекти и до споменикот „Слива“.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …