Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на 48. издание на „Галичка свадба“

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на 48. издание на „Галичка свадба“

Претседателот Стево Пендаровски во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваа на 48. издание на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што се одржува под негово покровителство.

Претседателот Пендаровски им честита на годинешните младенци, посакувајќи им среќен и успешен брак и дарувајќи ги со „галичка пафта“, со мотив од галичка носија. Годинава за прв пат, покрај официјалните галички зет и невеста, Илчо Димитров и Елена Дуровска, истовремено со нив во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“, беа венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ. Претседателот истакна дека е особено горд што младите генерации се повеќе покажуваат интерес да ја сочуваат нашата најавтентична манифестација, како живо културно наследство. Претседателот посочи дека „Галичка свадба“, промовирајќи и негувајќи ги мијачките обичаи и традиција остава посебен идентитетски белег и ја поздрави одлуката во нивното шеесетгодишно манифестациско постоење, да добие соодветна институционална заштита.

Годинешната „Галичка свадба“ започна на 15 јули со концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, во чест на 100 годишнината од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт. Во текот на вчерашниот ден беа изведени традиционалните свадбарски обичаи и адети, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Денеска, на платото пред опеаната чешма Упија беа одиграни „Невестинското“,„Манукот“, „Тешкото“ и други изворни ора.

Прочитајте повеќе

сончево со облаци

Продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Денеска ќе се задржи сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне ќе …