Од денеска па до петок, 20 јануари, Претседателот Пендаровски ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација.
Според програмата е предвидено претседателот Пендаровски денеска да учествува и да говори на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започнува во 08:30 часот, а на која ќе говорат и Анджеј Дуда, претседателот на Република Полска, Гитанас Науседа, претседателот на Република Литванија, како и Хозе Мануел Алваерез Буено, министер за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија и Светлана Тихановскаја – лидерка на Демократските сили на Белорусија.
Во рамки на форумот, предвидено е претседателот Пендаровски да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, како и да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот.
На Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“, се очекува лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество да се осврнат на состојбата во светот и да разговараат за приоритетите за годината што претстои.