Претседателот Пендаровски за утре го свика Советот за безбедност

Претседателот Пендаровски за утре го свика Советот за безбедност

Утре, четврток 16 април со почеток во 12:00 часот, во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на Претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања и Национален координатор за странска помош, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.

После утрешната седница на Советот за безбедност, се очекува Претседателот Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба во државата за нови 30 дена.

Прочитајте повеќе

Артан Груби ќе се брани од слобода откако избега, па се врати

Артан Груби ќе се брани од слобода откако избега, па се врати

Куќниот притвор на Артан Груби, екс-прв вицепремиер и второобвинет во предметот поврзан со Државна лотарија, …