Прилеп: Над 2.000 учесници на хуманитарната трка „We run we care“

Прилеп: Над 2.000 учесници на хуманитарната трка „We run we care“

Повеќе од 2.000 учесници се вклучија во рекреативна трка „We run we care“, која во организација на Општина Прилеп и бизнис секторот, синоќа по втор пат се одржа во Прилеп.

Трката е од хуманитарен карактер, а собраните средства од котизацијата на учесниците ќе бидат употребени за тековно одржување и доопремување на Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

„Средствата  од котизацијата на учесниците ќе бидат употребени за купување на нагледни средства, кои ќе им помогнат на лицата со церебрална парализа  во нивните активности“, изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Стопанствениците рекоа дека се горди на масовноста на акцијата и веруваат дека истата во иднина ќе прерасне во традиција, а Васил Костоски од „Гентерм Македонија“  истакна дека за поголем дел од прилепските стопанственици, трката била поттик да ја покажат својата општествена одговорност.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …