АМСМ: Заради градежни работи, променет сообраќаен режим на патните правци Скопје-Неготино и Битола-Ресен

АМСМ: Заради градежни работи, променет сообраќаен режим на патните правци Скопје-Неготино и Битола-Ресен

Информација од АМСМ:

Денеска ќе се изведуваат градежни активности на магистралниот пат А1, делница Скопје – Неготино, при поставување на електрично осветлување на крстосницата Велес – Југ. Работите ќе траат 30 дена и за тоа време ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Исто така, во текот на денешниот ден ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А3, патен правец Ресен – Битола. Градежните активности ќе траат еден ден, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Од 01.07.2019 година, започнаа викенд забраните за тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …