Прилепската полиција заплени над 6.000 парчиња пиротехнички средства, приведени три лица

Прилепската полиција заплени над 6.000 парчиња пиротехнички средства, приведени три лица

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп, постапувајќи по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, денеска со судска наредба извршиле претрес во магацински простор од продавница, сопственост на М.К.(64), при што пронашле и заплениле околу 5.000 парчиња пиротехнички средства. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Исто така, од импровизирана тезга во Градскиот пазар одземени се уште 1.000 парчиња пиротехнички средства, наменети за продажба за новогодишните празници, а А.В.(39) и А.О.(21) се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Прочитајте повеќе

несреќа сообраќајка сообраќајна

Шест лица загинаа во сообраќајки за четири дена, МВР апелира да се вози совесно

Најчестите причинители за сообраќајни несреќи со фатални последици се користењето на мобилен телефон при возење, …