Привршуваат градежните работи на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“; следната недела патот Прилеп-Битола се става во функција

Привршуваат градежните работи на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“; следната недела патот Прилеп-Битола се става во функција

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Дирекцијата за Технолошко – индустриски развојни зони, Александар Младеновски, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски денеска извршија увид во изградбата на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“.

Министерот Сугарески рече дека активностите течат со добра динамика и се очекува во текот на следната недела овој дел од патниот правец Прилеп-Битола да биде ставен во употреба.

„Уште пред неколку месеци рековме дека ова што се прави е исклучително важен сегмент за локалната економија и, комплетно, за Пелагонискиот дел. Она што е исто така важно, е дека овој Привршуваат градежните работи на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“; следната недела патот Прилеп-Битола се става во функцијапериод имаме сериозна градежна офанзива, што може да се види во прилепскиот регион, околу Прилеп и внатре во самиот град. Истовремено се работи на патот Фариш-Дреново, каде очекуваме следната недела да заврши гребењето и да почне асфалтирањето на патот. Се работи и на патот за Мариово, каде исто така за скоро започнува асфалтирањето. Продолжуваат работите на регионалниот од Битола за Прилеп преку Тополчани, а асфалтирање ќе има и на патот Кадино село – Галичани. Сакам да ја пофалам локалната самоуправа за она што го прави, а за што од Министерството за транспорт и врски ќе биде дополнително финансиски засилена со 1.25 милиони евра за рехабилитација и санација на улици“, изјави Сугарески.

Сугарески напомена дека во делот на комуналната инфраструктура биле завршени повеќе активности и најави почеток на изградба на пречистителна станица и канализација во с.Мало Коњари, како и на тендерската постапка за преостанатите 65% од експресниот пат Фариш-Дреново.

„Ова е инвестиција од 240 милиони денари, или околу 4 милиони евра, а исто така е при крај изградбата на водоводот во ТИРЗ ‘Прилеп’, а инвестиравме и дополнителни 50 милиони денари во внатрешната инфраструктура. При крај е изведбата на клучката, а во моментов се асфалтираат Привршуваат градежните работи на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“; следната недела патот Прилеп-Битола се става во функцијаприклучоците за клучката за да можеме да го оспособиме и да го пуштиме во употреба регионалниот пат. Неблагодарно е да се каже кога точно ќе завршат работите, тоа во многу зависи од временската ситуација, но и визуелно се гледа дека работите се при крај“, истакна директорот на Дирекцијата за Технолошко – индустриски развојни зони, Александар Младеновски.

Градоначалникот Илија Јованоски упати благодарност до министерот Сугарески и до првиот човек на Дирекцијата на ТИРЗ, Младеновски, Привршуваат градежните работи на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“; следната недела патот Прилеп-Битола се става во функцијаза изградбата на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“, која е од огромно значење за безбедноста на учесниците во сообраќајот, но и за економијата  во општина Прилеп.

„Оваа градежна офанзива се надоврзува на градежната офанзива во нашиот град, при што оваа година локалната самоуправа ќе реконструира и рехабилитира околу 20 километри патишта и улици во градот и населените места“, потенцираше градоначалникот Јованоски.

Прочитајте повеќе

Како балканските гангстери станаа кралеви на кокаинот

Како балканските гангстери станаа кралеви на кокаинот

Слободан Костовски, Бранислав Паневски, Александар Нешиќ… се само дел од балканските гангстери уапсени поради шверц …