недвижности

Продажбата на недвижности е намалена во 2022 година кај земјите членки на ЕУ

По пандемијата со ковид-19, пазарот за недвижности е нестабилен и поради мерките за време на пандемијата, станбените трансакции претрпуваат општ пад, заклучува Еуростат

Во минатата година се намалила продажбата на недвижности во поголемиот дел од 16 членки држави на Европската Унија во споредба со 2021, кога повеќе се купувале станови и куќи, покажува извештајот на Евростат.

Најголемиот пад е забележан во Данска со намалени 31.6 проценти, Холандија со намалени 16.2 проценти и Луксембург со намалени 15.1 проценти.

Продажбата на недвижности е намалена во 2022 година кај земјите членки на ЕУ
Извор: Еуростат

Раст на станбени трансакции се забележува во Кипар со зголемување од 27.4 проценти, Ирска со 7.7 процети и Шпанија со 6 проценти.

По пандемијата со ковид-19, пазарот за недвижности е нестабилен и поради мерките за време на пандемијата, станбените трансакции претрпуваат општ пад, при што само четири држави (Данска, Финска, Холандија и Австрија) од земјите на ЕУ, има зголемување на продажбата.

Во 2021 година има привремен раст на ова поле во сите земји членки на ЕУ со исклучок на Луксембург и Холандија. Најголемиот пораст се гледа во Шпанија со 39.3 и Бугарија со 39 проценти.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Орбан

Хроника на една најавена диктатура: Тетеравењето на Виктор Орбан од Брисел до Москва и Пекинг

Дали Орбан спаѓа во веќе видена категорија на „меки диктатори“ и просветители-апсолутисти? Во секој случај, …