Потрагата на Крајбрежната служба на Грција и спасувачките екипи по исчезнатиот македонски државјанин Мартин во водите на Егејско Море кај Халкидики продолжува веќе шести ден по ред.
Министерството за надворешни работи на Северна Македонија синоќа соопшти дека „како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население“.
Од МНР нагласија дека нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатиот.
Иако според грчките закони при вакви случаи, потрагата од страна на крајбрежната служба трае до три дена по исчезнувањето, по телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дедниас овој рок беше продолжен.
Stopanska Banka AD Skopje“, напиша Иван во објава на Фејсбук.
Спасувачката акција и потрагата започнаа во саботата во попладневните часови, кога тројцата државјани на Северна Македонија Иван, Васил и Мартин, влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време и силните морски струи се оддалечиле од морскиот брег.