Продолжува штрајкот во образованието

Продолжува штрајкот во образованието

Генералниот штрајк на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) продолжува. Советот на СОНК на вчерашната седница реши да не го прифати предлогот на Владата, за 10 проценти покачување на платите со кој би се прекинал штрајкот почнат на 11 април. Една од причините зошто овој предлог не е прифатен од СОНК, е зошто истиот бил предложен усно, а не во писмена форма, информираа од СОНК, од каде додаваат дека над 95 проценти од синдикалните организации на СОНК се изјасниле за отфрлање на дадената усна понуда.

Министрите преку Фејсбук ги повикуваат наставниците и воспитувачите од утре да почнат со настава

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференција рече дека членовите на СОНК, реагираат на несериозниот пристап на надлежните кои, како што наведе, скоро два месеца преговараат со претставници на СОНК, а реално не даваат никаков конкретен предлог на доставените писмени барања од страна на СОНК.

ССМ: На први мај масовен синдикален протест за повисоки плати

Македонската влада, во меѓувреме, порача дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога земјата се соочува со економска и здравствена криза. Децата и учениците треба да ни се на прво место, затоа нарушувањето на образовниот процес е спротивно на правата загарантирани со Уставот и Законите. Местото на учениците е во училиштата и настава мора да има, порачуваат од Владата.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …