Продолжуваат преговорите меѓу СОНК и владата

Продолжуваат преговорите меѓу СОНК и владата

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука денеска, како што најави претседателот на СОНК Јаким Неделков, треба да ги продолжат преговорите со помош на медијатор. Според него, денеска биле можни конкретни одговори на нивните предлози. „Сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк со позитивен резултат и не како победници, туку како социјални партнери, кои ќе најдат заеднички прифатливи решенија, каде што нема да има победници и губитници, изјави тој по преговорите одржани во средата. Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите и ако во текот на тој рок не се постигне договор, додаде Неделков, преговорите ќе мора да се продолжат за уште десет дена.

Неделков – Протестот на дел од членството се обид за ослабнување на СОНК

Претходно УНИЦЕФ ја поздрави заедничката одлука на Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование и наука за продолжување на наставата додека трае процесот на преговори во наредните недели.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …