Уким Економски факултет

Пункт за вакцинација против ковид-19 ќе се отвори и на кампусот на УКИМ на 9 септември

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека на 9 септември (четврток) ќе се отвори пункт за вакцинација против ковид-19 на кампусот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел да се подигне свеста за имунизацијата кај младите лица над 18 години. Вакцинацијата ќе се врши со кадарот од Универзитетската амбуланта.

Филипче информираше дека стапката на вакцинација кај лицата над 18 години е 44 проценти и сакаат да се стави акцент на оваа категорија на граѓани.

„Сега тие се незаштитени, вирусот се шири помеѓу нив, тие се медијатори и го шират во своите семејства. А важно е младите да се социјализираат, знаеме колку им се променија живототите. И за нив важи дека вакцинацијата е единствен начин да ни се нормализираат животите“, рече Филипче.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

вакцина Вакцини грип корона

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на последната недела, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи …