РАЗРЕШЕНА СУДИЈКАТА ТАТЈАНА МИХАЈЛОВА

РАЗРЕШЕНА СУДИЈКАТА ТАТЈАНА МИХАЈЛОВА

Судијката Татјана Михајлова ќе остане запаметена како судијка која го притвори новинарот Томислав Кежаровски, неколкумина судии и еден обвинител

Како што неофицијално дознава „ПРАВОСУДСТВО“, судијката Татијана Михајлова е разрешена од судиската функција!
Одлуката за разрешување на Михајлова ќе биде јавно објавена, најверојано уште во текот на денешниот ден од Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Сега веќе разрешената Михајлова ќе остане запаметена како жена која преку кодошење на свои колеги – адвокати, но и судии, од поранешниот премиер Никола Груевски беше наградена со тоа што беше именувана за судија во скопскиот кривичен суд и тоа во Одделот за организиран криминал и корупција.

Михајлова ќе остане запаметена како судија „Сваровски“, односно како судијка која спроведуваше политички одлуки, а една од нив е и притворањето на новинарот Томислав Кежаровски, на неколкумина судии, еден обвинител и на уште неколку други лица во предметот наречен „Ликвидација“.

Имено, ретки се тие случаи каде Михајлова не изрекла мерка притвор, но ќе остане запаметена и како судијка кој влегуваше во отворена конфронтација со Јавните обвинители од некогашното Специјално јавно обнинителство, но и како верен послушник на Владимир Панчевски, кој, пак, ја постави за негов заменик, откако му заврши функцијата претседател на скопска „единица“.

Педантните хроничари ќе посведочат дека Татјана Михајлова, како и Панчевски пред неа, ќе се обиде да го „истумба“ годишниот план за работа на судиите. Таа се обиде да ги преживее изминатите неколку години со барање да и се продолжи судиската функција или со нејзино именување за претседател на основниот суд во Ресен.

(Љ.Станковиќ)

Извор: pravosudstvo.mk

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …