Младинската организација „AIESEC“ регрутира нови членови

Младинската невладина и глобална организација AIESEC во моментов врши регрутација на нови членови и ги повикува сите млади кои сакаат да волонтираат и станат дел од организацијата која брои над 70 илјади активни членови, а е присутна во над 114 земји во светот.

„Како организација, главниот фокус го ставаме во развивање на лидерскиот потенцијал кај младите, при што нудиме можности за развивање на персонални и професионални вештини преку практично искуство во различни области и преку интернационални размени“ велат од AIESEC.

Од младинската организација посочуваат дека придобивките да се биде член во AIESEC се развивање комуникациски вештини, работење во тим, лидерско искуство, проектен менаџмент и многу други меки и тврди вештини.

Заинтересираните можат да дознаат повеќе информации и да се пријават на овој линк.

Прочитајте повеќе

Дневната евтина струја се враќа утре за околу 200.000 домаќинства

Од утре од 13 до 15 часот домаќинствата ќе имаат на располагање и плаќаат дневна …