Република Српска: Претседател на избирачки одбор на телевизија призна дека крадел гласови

Република Српска: Претседател на избирачки одбор на телевизија призна дека крадел гласови

Скандалозно пребројување на гласови на изборите во Република Српска е откриено само неколку часа по објавувањето на првичните изборни резултати од Централната изборна комисија, пренесува весникот Данас. Босанската телевизија БН била во посета на селото Крајишник, родното место на мајката на опозициската кандидатка за претседател на Република Српска, Јелена Тривиќ.

Во ова населено место Тривиќ освоила 0 гласови на неделните избори, што ги шокирало селаните кои тврдат дека гласале за опозициската кандидатка. Додик освоил 141, додека третиот кандидат Зоран Калиниќ од партијата Наша приказна РС имал 137.

„Јелена овде е родена. Нејзината мајка е родена и пораснала овде и не е можно да нема гласови“, изјави жителката на ова село, Стана Санчанин.

Претседателот на избирачкиот одбор во ова село, Стеван Гутиќ пред камера признал дека резултатите што ги испратил до Централната изборна комисија не се вистинити. Наводно, поради „умор и доцните вечерни часови“, гласовите што ги освоила Јелена Тривиќ тој ги впишал на еден од противкандидатите Зоран Калиниќ, но како што вели, притоа не направил грешка за бројот на гласови што ги освоил Милорад Додик.

Новинарите го посетиле и родното место Челинац и избирачкото место каде живее фамилијата на сопругот на Јелена Тривиќ. На ова избирачко место Милорад Додик освоил 225 гласа, Зоран Калиниќ 204, а Јелена Тривиќ 0 гласови.

Инаку, претседателката на Партијата за демократски прогрес (ПДП), Јелена Тривиќ во неделата вечер прогласи победа на изборите за претседател на Република Српска, додека нејзиниот противкандидат Милорад Додик рече дека ќе ги почека конечните резултати што ќе ги соопшти Централната изборна комисија.

Врз основа на обработените 90,04 отсто од избирачките места во Република Српска, Централната изборна комисија објави дека Милорад Додик освоил 268.635 гласови или 48,36 отсто, додека Јелена Тривиќ добила 240.353 гласови или 43,27 отсто. Опозициската кандидатка и нејзиниот табор го оквалификуваа како скандалозно броењето на гласовите и побараа повторување на изборите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студентите во Србија се кренаа: Блокирана зградата на Претседателството додека се обраќаше Вучиќ

Студентите во Србија се кренаа: Блокирана зградата на Претседателството додека се обраќаше Вучиќ

„Немаше да ја има оваа крв да беше сè по закон“, „Ќе го решиме и …